Средба: Ахмедовски - Манчевски

Министерот Аксел Ахмедовски денес оствари средба со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан  Манчевски.

Во рамки на средбата беа дискутирано за можностите за соработка меѓу двата ресора особено на полето на правична застапеност на Ромите во државна и јавна администрација. Исто така беа разгледани одредени законски одредби и други подзаконски акти како и  потребни законски  во насока на имплементација на уставното начело на правична застапеност.

16 мај – ден на Ромскиот отпор

16.05.2018

16 мај 1944 е денот кога ромските затвореници од нацистичкиот камп  Аушвиц- Биркенау, (т.н. „цигански камп“) за прв пат покажале спротивставување на волјата на Нацистичката армија (СС војници). Овој ден е познат како „Romani resistance day“, односно ден кога, за време на геноцидните воени акции, Ромите дале отпор. Со овој отпор се манифестира фрустрацијата и незадоволството поради дехуманизирачкото однесување на СС војниците. Нo, oвој датум исто така ја покажува храброста што Ромите за прв пат ја покажале за време на Втората Светска војна.

Средба на министерот Ахмедовски со амбасадорот на Америка Бејли

16.05.2018

Министерот за координација и имплементација на Стратегија  на Ромите Ахмедовски денес оствари средба со Амбасадорот на Америка Бејли .

На почетоткот на средбата Ахмедовски го запозна Амбасадорот со работата на неговиот кабинет и проблемите во некои области со кој се соочува.  

Средба Ахмедовски – Станчиќ

04.05.2018

Денес во рамките на своите надлежности Министерот Ахмедовски оставри средба со директорот на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците,  Милутин Станчиќ.

Во рамки на средбата беа дискутирани неколку теми во насока на унапредувањето на образованието на ромската заедница во Република Македонија.  Министерот Ахмедовски укажа на потребата од функционална анализа за употребата на ромскиот јазик како изборен предмет во училиштата и на потребата од подготовка на учебници на ромски јазик за погорните одделенија во основните училишта.

Pages