Средба на министерот Музафер Бајрам со амбасадорката Брнз
14.2.2020
Денес министерот Музафер Бајрам оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.
На почетокот на средбата амбасадорката Брнз беше информирана за состојбата на ромската заедница како и за потребата од зајакната координација на планирање и финансирање на активности и политики кои придонесуваат за подобрување на положбата на Ромите.